Во периодот од август до ноември, 2016 година, Knowledge Center работеше на развивање на новата веб страница и хостинг решение за потребите на Царинска Управа на Република Македонија.

Новата веб страна е изработена со цел ефикасно споделување на информации до целната публика и подобрување на позитивното мислење за институцијата, преку промоција на нивната работа. Со помош на стилски дизајн и актуелност на информациите кои се објавуваат, целта е да се зголеми бројот на посетители на веб страната на ЦаринскаУправа на Република Македонија. Покрај изработката на нова веб страна, Knowledge Center ќе се грижи и за хостингот на истата во следните 3 години.