Обезбедуваме наменски услуги во истражување кои покриваат пазари, индустрии, конкуренти, онлајн анкети и внатрешни организациски капацитети. Подготвуваме низа на анализи и документи како што се бизнис планови, физибилити студии, маркетинг и бизнис стратегии. Дозволете нашата компетенција во истражувачките методологии да ви помогне да ја донесете вистинската одлука.

 

ИСТРАЖУВАЊЕ


Почнува од 750 Евра
Пазари/Индустрии
Научете што се случува во вашата индустрија!

Дали ви се потребни информации за вашата или друга индустрија? Доколку е така, ние можеме да ви подготвиме пазарно/индустриско истражување и/или брифинг.

Содржина на анализата

  • Пазарна/индустриска анализа - (дефиниција и анализа на пазар);
  • Пазарна вредност и сегментација;
  • Идна вредност и развој на пазарот;
  • Анализа на индустријата;
  • Конкуренција на пазарот - клучни компании (клучни фактори, финансиски резултати, приходи и профитабилност).

Како оваа анализа може да ви помогне? Целосниот индустриски/пазарен извештај ќе ви ги даде сите податоци кои ви се потребни за да станете сигурни во своите пазарни одлуки. Овие извештаи се одлични за раст, нови стратешки насоки и планирање.

Истражувачка методологија: длабинско истражување со проверени податоци.

Географска покриеност: Покриваме пазарни и индустриски трендови на национално, регионално и светско ниво.

Цена: 750-1,500+ евра по извештај.

Ве молам испратете ни детали за прилагодена понуда.

Веќе од 250 Евра
Пазарни брифинзи
Дојдете до пазарни податоци

Дали ви е потребен брз преглед на специфичен пазар? Доколку е така информирајте се за нашиот пазарен брифинг – краток извештај за големината на пазарот, клучни актери и трендови.

Содржина на анализата

  • Големина и вредност на пазар;
  • Пазарни удели;
  • Пазарни трендови и анализи - вредност и проекции;
  • Конкурентност на пазарот и водечки компании - (клучни фактори, компетенции и профитабилност)

Како оваа анализа може да ви помогне? Извештајот е одличен избор за скенирање на можностите на пазарот, истражување на трендовите и конкуренцијата, но и одлична можност за да се подготвите за деловна средба со клиент дознавајќи повеќе за него.

Истражувачка методологија: длабинско истражување со проверени податоци.

Географска покриеност: Покриваме пазарни и индустриски трендови на национално, регионално и светско ниво.

Цена: 200-300 + евра по извештај.

Ве молам испратете ни детали за прилагодена понуда.

 


Веќе од 200 Евра
Компаниски профили
Истражете нов клиент или конкурент!

Компаниските профили се одличен начин да добиете податоци за работата на илјадници компании од приватниот и јавниот сектор. Овие профили обезбедуваат “snapshot” за секоја компанија од интерес, вклучувајќи резиме на нејзината работа, имиња на менаџерскиот тим и сопствениците, финансиска информација, индустрии и области во кои работи, конкуренти, како и SWOT анализа.

Како може овој извештај да ви помогне? Компаниските профили ќе ви помогнат подобро да ги запознаете конкурентите, но и потенцијалните и постоечките клиенти.

Истражувачка методологија: длабинско истражување со проверени податоци.

Географска покриеност: Покриваме пазарни и индустриски трендови на национално, регионално и светско ниво.

Цена: 200-300 + евра по извештај.

Ве молам испратете ни детали за прилагодена понуда.
Веќе од 1000 Евра
Онлајн - интернет анкети
Научете од вашите клиенти!

Користејќи моќна интернет алатка, можеме да подготвиме и спроведеме онлајн интернет анкети за само неколку дена. Овие анкети се одлични за брзо собирање на податоци и повратни информации од клиентите на широка варијација на теми. Анкетите можат да се испратат на голем примерок од популацијата вклучувајќи ја нашата компаниска листа на компании и лица, компајлирани списоци од трети извори, или списоци доставени од клиентите.

Оваа услуга можете да ја искористите за добивање на информација за:

  • Вашето ново лого или слоган;
  • Мислење на клиентите за нови производи или услуги;
  • Тестирање на вашата нова креатива и добивање фидбек;
  • Подигнување на свест за вашиот бренд;
  • Задоволство на клиентите;

Спроведување на Анкета: Цените за спроведување на анкетите започнуваат од 1000 евра.

Услугата вклучува поставување на анкетата, трансмисија на собраните податоци, табулација и податочен извештај.

Пишување на анкета:

Цените за пишување на анкетите започнуваат од 150 евра за 10 прашања и 250 евра за 20 прашања. Клиентот може да ни достави и своја анкета.

Анализа на наодите:

Вклучува структуирана анализа на одговорите со препораки. Цената започнува од 1000 евра.

Ве молам испратете ни детали за прилагодена понуда.


Организациски Анализи


Веќе од 1000 Евра
Бизнис Стратегија
Откријте го потенцијалот на вашиот бизнис!

Нашиот тим може да ви помогне успешно да развиете развојна стратегија за вашиот бизнис.

Содржината на анализата вклучува:

  • Надворешна и внатрешна анализа на средината;
  • Пазари и конкуренција;
  • SWOT анализа;
  • Идентификација на стратешките можности;
  • Најпрофитабилната стратешка насока;
  • План за имплементација;

Цена: Ве молам испратете ни детали за прилагодена понуда.

Веќе од 1000 Евра
Маркетинг Стратегија
Зголемете ја продажбата и пазарните можности!

Нашиот тим може да ви помогне успешно да развиете маркетинг стратегија за вашиот бизнис.

Содржината на анализата вклучува:

  • Надворешна и внатрешна анализа на средината;
  • Пазари и конкуренција;
  • Дефинирање на маркетинг целите;
  • Сегментирање, таргетирање и позиционирање (STP);
  • Развивање на маркетинг микс (производ, цена, дистрибуција и промоција);
  • План за имплементација.

Цена: Ве молам испратете ни детали за прилагодена понуда.

Веќе од 3000Евра
Управување со Знаење
Научете како да го искористите Знаењето да работи за вас!

Нашиот тим може да ви помогне да развиете стратегија за управување со знаење за вашиот бизнис.

Содржината на анализата вклучува:

  • Ревизија на Управувањето со Знаење;
  • Мапирање на Знаењето;
  • Празнини/ Идентификација на можности;
  • Поставување на цели за Управувањето со знаењето;
  • Развивање на решенија за Управување со знаење;
  • План за имплементација.

Цена: Ве молам испратете ни детали за прилагодена понуда.


Подготовка на Физибилити Студии и Планови


Веќе од 5000 Евра
Физибилити Студии
Физибилити Студии

Физибилити студијата опфаќа активности кои се превземаат за да се одреди дали една идеја, решение и/или план би бил успешен.

Цена: 5000 - 15000+ евра за физибилити студија.

Ве молам испратете ни детали за прилагодена понуда.

750 Евра
Бизнис Планови
Бизнис Планови

Ние сме дел од ваучерскиот систем на АППРМ кој покрива 50% од трошоците за бизнис план кај постоечки компании и 100% кај компании во зачеток.

Цена: 750 - 3000+ евра за бизнис план.

Ве молам испратете ни детали за прилагодена понуда.


Пакети за социјални медиуми


Веќе од 250 Евра за мес.
Lite
Lite Пакет за ефективно и ефикасно присуство на социјалните медиуми.

 

Содржината на понудата вклучува:

  • Креирање на деловни аватари на Facebook и Twitter, брендирани и оптимизирани за SEO (5 работни денови за поставување на истото);
  • Поставување на еден личен аватар (Linkedin);
  • 1 креативна сторија постирана дневно на Facebook и Twitter;
  • Поврзување на аватарите на Facebook и Twitter за авто постирање;
  • Дневна проверка на пораки, појавувања во други постови, ре-твитирање и нотификации;
  • Одговарање на прашање и проследување на релевантните пораки до клиентот;
  • Опционен буџет за рекламирање на социјалните медиуми во договор со клиентот.

Цена на пакетот: 150 евра за поставување и 250 евра месечно.

Веќе од 400 Евра за мес.
Бизнис
Бизнис Пакет кој може да ги задоволи сите посериозни деловни субјекти.
Содржината на понудата вклучува:
  • Креирање на деловни аватари на Facebook и Twitter, брендирани и оптимизирани за SEO (5 работни денови за поставување на истото);
  • Поставување на еден личен аватар (LinkedIn);
  • 1 креативна сторија постирана дневно на Facebook и Twitter вклучувајќи и hash-тагови;
  • 2 маркетинг постови на LinkedIn неделно;
  • Околу 250 пораки месечно за зголемување на влијанието (engagement posts) вклучувајќи постови, приватни пораки, теми за дискусија, приватни пораки, ре-твитови и дискусии);
  • Мониторирање и евалуација на пост-аналитика и рејтинг;
  • Мониторирање на аватарите за време на викенд;
  • Создавање на мрежа и датабаза на следбеници во вашиот таргет маркет;
  • 2000 МКД денари буџет за спонзорирање на Facebook.

Цена на пакетот: 150 евра за поставување и 400 евра месечно.

Веќе од 600 Евра мес.
Корпоративен
Ултимативен/ Корпоративен пакет за присуство на социјалните медиуми.
Содржината на понудата вклучува:
  • Поставување на аватари на Twitter, Facebook и LinkedIn business, нивно брендирање и оптимизирање за SEO (потребни се 5-7 работни денови за поставување на истото);
  • Поставување на дополнителни два аватари, брендирани и оптимизирани за SEO ( избор од Youtube, Google+, instagram);
  • Поставување на најмногу три лични аватари (Linkedin);
  • 2 креативни стории постирани дневно на Facebook и Twitter вклучувајќи и hash-тагови;
  • 2 маркетинг постови на Linkedin и Google+/Pinterest неделно;
  • Околу 350 пораки месечно за зголемување на влијанието (engagement posts) вклучувајќи постови, приватни пораки, теми за дискусија, приватни пораки, ре-твитови и дискусии);
  • Мониторирање и евалуација на пост-аналитика и рејтинзи за одржување на популарноста и вклученоста на следбениците;
  • Мониторирање на аватарите за време на викенд;
  • Создавање на мрежа и датабаза на следбеници;
  • 4000 МКД денари буџет за спонзорирање на Facebook.

Цена на пакетот: 150 евра за поставување и 600 евра месечно.


Ако сте заинтересирани да дознаете повеќе за нашата понуда во Истражувачкиот Центар, контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

{addthis off}