Во И-Лаб работиме на развивање и комерцијализација на иновации. Ви помагаме да ја предизвикате статус-кво состојбата: Како до одлични идеи? Како да ги потврдите и унапредите? Како да стигнат до вистинските луѓе?
И-Лаб е катализатор кој ќе помогне вашите идеи да бидат слушнати, развиени и комерцијализирани. Идеите ќе влезат во лабораторија, ќе преминат во безбедни експерименти и прототипи, за на крај да дипломираат во целосно обработени проекти, со сооедветни насоки од нашите Иновациски Амбасадори
Во рамките на И-лаб, Knowledge Center соработува со мрежа на Универзитети и истражувачки институти во земјата и странство. Како дел од И-Лаб, Knowledge Center Ви ги нуди следниве услугите:
1. Innovation Audit - Методолошка идентификација на предностите и слабостите на иновациските процеси и практики во тимовите и организациите.
2. Развој на производ/услуга - од идеја до производ/услуга со помош на трансфер на знаење од најсоодветните партнери, истражувачи и лаборатории во земјата, регионот, и Европската Унија.
3. Innovation BootCamps - Програма за обуки, семинари за иновации и работилници - одличен начин за да се поттикне брз напредок во иновациските практики, процеси, ставови и средини во организациите.
4. Настани за вмрежување и собирање капитал.
Дозволете му на нашиот тим да ги зајакне Вашите капацитети!
Контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за услугите кои ги нуди И-Лаб.
{addthis off}