ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА 

1 Вовед

Вие разбирате дека со користење на Услугата што ви е овозможена преку веб порталот (во понатамошниот текст: Услугата), се согласувате и дозволувате одредени податоци за вас и за вашето користење на Услугата да се собираат и да се користат во согласност со Политиката на Друштво за консалтинг и услуги НОЛЕЏ ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст: Нолеџ Центар) за заштита на приватноста.

Исто така, се согласувате и дозволувате Нолеџ Центар да ги собира, користи, пренесува, обработува и одржува податоците поврзани со вашата сметка, за да ви ја обезбеди Услугата, како и кои било функцииод неа. Податоците што ги собира Нолеџ Центар кога ја користите Услугата може, исто така, да вклучува и технички, статистички или дијагностички податоци поврзани со или како резултат на вашето користење, а што Нолеџ Центар може да ги користи за да ги поддржува, подобрува и унапредува услугите.

Доставувањето на каков било податок или содржина од страна на субјектот на лични податоци (во понатамошниот текст: Корисникот) е доброволно, слободно и врз основа на изречно дадена согласност, со која се согласува со обработката на неговите лични податоци за однапред определени цели – што се предмет на Условите за користење, како составен дел на Политиката за приватност. (во понатамошниот текст "Политика"). Со оваа Политика се дефинираат правата и обврските за користење веб порталот , неговите услуги и функционалноста.

2 Содржини

"Содржини" значи сите информации што можат да бидат генерирани или сретнати преку користењето на услугата, пишан текст, софтвер, графика, фотографии, слики, звуци, видеа, пораки и други слични материјали. Вие разбирате дека сите содржини, било да се јавно објавени или приватно пренесени на Услугата, се единствена одговорност на лицето од кое потекнуваат таквите содржини . Ова значи дека вие, а не Нолеџ Центар, сте единствено одговорни за каква било содржина што ќе ја испратите, постирате, пратите по е-пошта, пренесете, зачувате или на друг начин ќе ја ставите на располагање преку користењето на Услугата. Вие разбирате дека со користење на Услугата можете да наидете на Содржини што можете да ги најдете за навредливи, непристојни, или недостојни, и дека можете да изложите други на содржини што тие можат да ги најдат за недостојни. Нолеџ Центар не ги контролира содржините испратени преку Услугата, ниту пак ја гарантира точноста, интегритетот или квалитетот на таквите содржини. Вие разбирате и се согласувате дека вашето користење на Услугата и која било содржина е единствено на ваш сопствен ризик.

3 Вашето однесување при користење на услугата

Се согласувате дека НЕМА да ја користите Услугата со цел:

  • да закачувате, преземате, постирате, праќате преку е-пораки, пренесувате, зачувувате или на друг начин да правите достапни какви било содржини што се незаконски, вознемирувачки, заканувачки, штетни, клеветнички, злоставувачки, насилни, навредливи, вулгарни, со кои се нарушува приватноста на друг, со кои се шири омраза, расно или етнички навредливи или на друг начин непристојни;
  • да демнете, вознемирувате, да се заканувате или да му причините штета на друг;
  • доколку сте возрасен, да побарате лични или други податоци од малолетно лице (секое лице на возраст под 18 години се смета за малолетно) кое не ви е лично познато, вклучувајќи, но без ограничување на, што и да е од следното: полно име или презиме, домашна адреса, поштенски код, телефонски број, адреса на е-пошта;
  • да се преправате дека сте некој друг поединец, или некое правно лице, кое не сте - не смеете лажно или погрешно да се претставувате како друг поединец (вклучувајќи и познати личности), правно лице, друг корисник на услугата, владин лидер или на друг начин погрешно да ја претставувате вашата поврзаност со одреден поединец или правно лице (Нолеџ Центар го задржува правото да го одбие или да го блокира секој прекар со којшто може да се смета дека лажно или погрешно го претставувате вашиот идентитет или со којшто неовластено се користи името или идентитетот на друго лице);
  • да вршите повреда на авторски права или повреда на други права од интелектуална сопственост (вклучително и да закачувате какви било содржини што немате право да ги закачувате) или да откриете каква било трговска тајна или доверлива информација спротивно на одредбите од договор за доверливост, за вработување или за тајност;
  • да постирате, испраќате, пренесувате или на друг начин да правите достапни какви било небарани или неовластени електронски пораки, реклами, промотивни материјали, непотребни електронски пораки, спам или верижни писма, вклучително, но без ограничување на, пакет комерцијални реклами и информативни известувања;
  • да закачувате, постирате, праќате преку електронски пораки, пренесувате, зачувувате или на друг начин да правите достапни какви било содржини што содржат вируси или каков било друг компјутерски код, датотеки или програми што се наменети за да причинат штета, за да го попречат или да го ограничат нормалното функционирање на Услугата (или на кој било дел од неа) или кој било друг компјутерски софтвер или хардвер;
  • да ја попречувате или да ја нарушувате Услугата (вклучително и да пристапувате до Услугата преку какви било автоматизирани средства, како скрипти или вебкролери), или кои било сервери или мрежи поврзани со Услугата или кои било политики, барања или регулативи на мрежи поврзани со Услугата (вклучително и каков било неовластен пристап, користење или мониторирање на податоци или сообраќај на нив);
  • да планирате или да земете учество во каква било незаконска активност;и/или
  • да собирате и да зачувувате лични податоци за кој било корисник на Услугата за да се употребат во врска со која било од претходно наведените забранети активности;

4 Отстранување содржини

Вие разбирате дека Нолеџ Центар не е одговорен на каков било начин за која било содржина обезбедена од други и нема обврска да ги проверува однапред таквите содржини. Сепак, Нолеџ Центар го задржува правото во секое време да одреди дали Содржината е соодветна и во согласност со овој договор, и може да ги проверува однапред, преместува, одбива, менува и / или отстранува содржините во кое било време, без претходна најава и по свое слободно наоѓање, ако за таквата содржина се утврди дека е во спротивност на овој договор или е на друг начин непристојна.

5 Креирајте резервни копии за вашите содржини

Ваша одговорност е да креирате резервни копии, на вашиот сопствен компјутер или на друг уред, од сите важни документи, фотографии или други содржини кои ги чувате или до кои пристапувате преку Услугата. Нолеџ Центар ќе употреби разумна вештина и соодветна грижа при обезбедување на Услугата, но не гарантира ниту изјавува дека која било содржина што можете да ја зачувате или до која можете да пристапувате преку Услугата нема да биде предмет на ненамерна штета, корупција или загуба.

6 Кои податоци ги прибираме и за кои цели го правиме тоа

6.1 Кориснички податоци

Нолеџ Центар има право да собира, обработува и користи податоци за Корисниците, кои доброволно, сами ги оставаат на веб-порталот, заради непречено обезбедување на услугата.

Податоците се чуваат во лог-датотеки на сервери и можат да опфаќаат податоци за веб-страниците на НОЛЕЏ Центар, веб-порталот што ги посетил Корисникот, веб-портали/веб-страници што го пренасочиле Корисникот на веб-порталот, датум и време на тие посети, IP-адреса на Корисникот, тип на интернет прелистувачот што го користи Корисникот, клучни зборови што ги користи

НОЛЕЏ ЦЕНТАР ги прибира и ги користи податоците за целите кои се наведени во Условите за користење и Политиката, како што се обезбедување на услуги, обезбедување пристап и контрола на неговата/нејзината корисничка сметка, исполнување на неговите/нејзините обврски во согласност со закон, остварување и заштита на неговите/нејзините законски права и правни интереси, понуда на услуги понудени од трети лица, промоции, барање за организирање е-аукции, анкети и испитувања за статистички цели.

6.3 Услуги поврзани со трети страни

НОЛЕЏ ЦЕНТАР може да им овозможи на трети страни, како социјални мрежи, да објават на своите веб-страници јавно достапни содржини од компании, здруженија, установи и професионалци на веб-порталот на НОЛЕЏ ЦЕНТАР

Исто така, одредени содржини, компоненти или функции на Услугата можат да вклучуваат материјали од трети страни и/или хипер линкови до други веб-портали/веб-страници, ресурси или содржини. Бидејќи Нолеџ Центар може да нема никаква контрола врз таквите веб-портали/страници и/или материјали на трети страни, вие прифаќате и се согласувате дека Нолеџ Центар не е одговорен за достапноста на таквите веб-портали/веб-страници или ресурси, и не ја застапува ниту гарантира точноста на таквите веб-портали/веб-страници или ресурси, ниту гарантира за нив, и во никој случај нема да биде одговорен или да има обврска за каква било содржина, реклама, производи или материјали на или достапни од ваквите веб-портали/веб-страници или ресурси или достапни од нив. Вие понатаму прифаќате и се согласувате дека Нолеџ Центар нема да биде одговорен или да има обврска на каков било начин за каква било штета што ќе ја претрпите или што тврдите дека сте ја претрпеле, било директно или индиректно, како резултат на користењето и / или потпирањето врз каква било таква содржина, реклама, производи или материјали на или достапни од ваквите веб-портали / веб-страници или ресурси.

6.4 Колачиња (Cookies)

НОЛЕЏ ЦЕНТАР има право (но не и обврска) на компјутерот на Корисникот или на други терминални уреди да инсталира колачиња - мали текстуални датотеки што се зачувани на некоја интернет страница преку интернет сервер на хард дискот на Корисникот, и дава можност за обновување на податоците за Корисникот бидејќи тие ги препознаваат порталите/страниците што неговиот/нејзиниот терминален уред ги користи и/или ги пребарува.

Колачињата што ги користи НОЛЕЏ ЦЕНТАР не зачувуваат податоци (лични податоци) што овозможуваат идентификација на Корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот.

Корисникот има право во секое време да го одбие зачувувањето и/или пристап до податоците што се зачувани на терминалниот уред што го користи Корисникот.

Корисникот има право во кое било време од НОЛЕЏ ЦЕНТАР да биде запознаен за податоците што се зачувани на неговиот терминален уред, со испраќање прашање до НОЛЕЏ ЦЕНТАР на следната адреса за е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.theknowledge-center.com

7 Споделување податоци

7.1 Откривање на личните податоци

НОЛЕЏ ЦЕНТАР се обврзува да не открива какви било лични податоци и други податоци за Корисникот или за неговото/нејзиното користење на Услугите, како и да не ги открива прибраните податоци на трети лица - надлежни органи, компании, поединци и други, освен:

  • кога тоа е предвидено во оваа Политика или во Условите за користење или кога корисникот ќе даде изречна согласност во моментот на регистрацијата или подоцна;
  • кога тоа е потребно заради исполнување на некоја законска обврска на НОЛЕЏ ЦЕНТАР;
  • кога податоците ги бараат државни, судски власти или службени лица, кои согласно законските прописи се овластени да бараат и да прибираат такви податоци;
  • кога податоците им се откриваат на вработените или соработниците на НОЛЕЏ ЦЕНТАР заради активности поврзани со администрирање на НОЛЕЏ ЦЕНТАР и користење на Услугите;
  • во други случаи утврдени со прописите за заштита на лични податоци;

8 Промена и бришење на личните податоци

8.1 Политика за лица под 18 години

Веб-порталот НОЛЕЏ ЦЕНТАР не е наменет за лица под 18 години. НОЛЕЏ ЦЕНТАР нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 18 години. Во случај лице под 18 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, тие треба веднаш да ја известат E-AUKCIJA.MK на следната адреса за е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.theknowledge-center.com

8.2 Права во промена и бришење на личните податоци

Секој регистриран корисник преку својата корисничка сметка може самостојно во секое време да ги ажурира, промени, коригира и измени своите лични податоци, како и да ја избрише корисничката сметка. Со бришењето на корисничката сметка Нолеџ Центар нема обврска повеќе да ги чува податоците на Корисникот, ниту основа и право понатаму да ги обработува.