Маркетинг и Иновации – како до совршен спој на нов производ!

 Периодот за регистрација е завршен
 
0
Категорија
Сет обуки за Иновативна Компанија
Датум
07.05.2018 00:00 - 11.05.2018 00:00
Место на настан
11 Октомври 25
Skopje, Macedonia (FYROM)
Број на места
10
Телефон
+389 78 30 15 40
Email
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Маркетинг и Иновации – како до совршен спој на нов производ! 

Знаење за информирани одлуки!

Обука наменета за претприемачи, менаџери, вработени!

Термин за обуката: 17:00 – 20:00 (понеделник, среда и петок)

Број на часови: 9

Место: Обуката ќе се оддржи во просторите на Knowledge Center, во зградата на Осигурување Македонија, 11 Октомври бр. 25, Скопје.

РЕГИСТРАЦИЈА

За време на обуката ќе бидат опфатени следните теми:

  1. Основни принципи на маркетингот, вклучувајќи концепти, системи, пазарни истражувања, однесување на купувачите во средина во која конкурентноста се заснова врз иновации. 
  2. Традиционалните и новите елементи на маркетинг миксот;
  3. Начините на кои иновациите и информатичката технологија го подобруваат современиот маркетинг. 
  4. Примена на маркетинг концептите за развој на маркетинг планови за иновативни бизнис процеси. 

За кого е наменета обуката:

Обуката е наменета за претприемачи, менаџери и вработени во мали и големи компании. Наменета е за сите кои сакаат да научат како да го поттикнат развојот на нови производи и услуги во нивната компанија преку синергија на традиционалните и современите алатки на маркетингот.

Предавачи: 

д-р. Андријана Богдановска, oсновач и директор на Knowledge Centar, Истражувач со долгогодишно искуство во областа на економијата и бизнисот; во првите 4% по квалитет на истражување за британската АА лимитед од 2009 до 2012. Лидер на тимот на обучувачи на i-lab.mk.

Јулија Пелева Стојковска, проект координатор и истражувач во компанијата Knowledge Center. Јулија е сертифициран тренер од областа на Претприемништво и иновации, дел тимот на обучувачи на i-lab.mk (проект подржан од страна на ЦЕИ во 2014 -2015 со австриската организација Браинплус).

Специјален гостин обучувач, Верица Јорданова, основач и уредник на Иновативност.мк. Верица е Магистер на науки од областа на менаџирање стратешки комуникации на Институтот за комуникациски студии. 

Учесниците на обуката ќе добијат:

  • Работен материјал со практични водилки и вежби
  • Сертификат за учество
  • Кафе и освежување

За да се пријавите на обуката, регистрирајте се овде.

Лице за контакт:  Јулија Пелева Стојковска, тел 078 30 15 40.

Цена: 3999 МКД + ДДВ!

 
 

Сите датуми

  • од 07.05.2018 00:00 до 11.05.2018 00:00
 

Powered by iCagenda