Истражувања

 

Ви нудиме услуги од областа на истражување кои покриваат пазари, индустрии, конкуренти и организациски капацитети. Дозволете нашето познавање во истражувачките методологии да ви помогне да донесете одлука.

И-Лаб

 

Во И-Лаб работиме на развивање и комерцијализација на иновации. Ви помагаме да ја предизвикате статус-кво состојбата: Како до одлични идеи? Како да ги потврдите и унапредите? Како да стигнат до вистинските луѓе?

BizTech Академија

 

Дали сте менаџер, претприемач или студент кој сака да ги подобри своите бизнис, иновациски и вештини во претприемништво? Тогаш, BizTech Академијата е вистинското решение за вас. Погледнете ја нашата понуда.

Проектен Центар

 

Со големо познавање и искуство, нашите сертифицирани Проект Менаџери се специјализирани во развивање, водење и управување проекти. Дозволете да ви помогнеме да ја реализирате вашата нова проектна идеја.

Не, не сакам да звучам како оние слогани на How to...книгите, кои никој не ги зема за сериозно. Нема сигурен пат до успех  и тоа е единсвената вистина со која сите се согласуваме.   Сепак, реалноста укажува дека во бизнисот најчесто успеваат тие кои добро се подготвиле.  Зошто тогаш да не ја идентификуваме рамката која го трасира патот?!

 

1. Каде да започнете?

Соберете што е можно повеќе информации за вашата идеја. Научете ја индустријата, како и најдобриот начин на кој можете да ја продадете вашата идеја, производ, или услуга. Кои се вашите конкуренти? Идентификувајте ги сите можни ризици и потешкотии. Зборувајте со другите претприемачи, читајте релевантни списанија и публикации. Присуствувајте на настани.

 

2. Направете детален план за вашиот бизнис

Ако ви се потребни финансии за да ја започнете компанијата, тогаш дефинитивно ви е потребен и бизнис план. Овие планови се клучните цигли на секој успешен бизнис. Поставете цели за вашиот бизнис, потоа поделете ги тие цели на помали остварливи чекори. Добриот план ќе ви помогне да го оддржите фокусот кога нештата ќе станат премногу тешки. Вмрежувањето може да започне веднаш штом започнете да работите.

 

3. Идентификувајте ги сите финансиски извори за вашата компанија.

Пристапот до капитал е каменот кој ги сопнува многу компании, затоа научете што е можно повеќе за различните начини на кои можете да дојдете до финансии – пријатели, семејство, банкарски кредити, фондови за сатрт ап компании, бизнис ангели. Дознајте колку пари имате, колку пари би ви биле потребни за да го проработите бизнисот и колку ви е потребно за да ги постигнете своите цели.

 

4. Дефинирајте што ви е потребно од опрема и материјал.

За одредени компании – консултанти, истражувачи, писатели или кочери – не ви треба многу – лаптоп, телефон и интернет. Тие кои сакаат да произведуваат производи потребно е да постават цела производствена линија.

 

5. Човечките ресурси се голема придбивка за успешните компании

Додека сеуште не е јасно дали бизнисот започнал со работа или не, веднаш вработете ги своите слабости. Ако сметководството ви е тешко најмете сметководител, ако не ви се допаѓа администрацијата многу вработете администратеивен слуќбеник. Сето ова ве ослободува и имате време за да се посветите на растот на вашиот бизнис.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Настани

Monday, 20th April 2015 - Wednesday, 22nd April 2015
Skopje - Skopje, Macedonia (FYROM)
Среда, 8th Април 2015 
Штип - Штип, Македонија (FYROM)
Monday, 20th October 2014 - Thursday, 23rd October 2014
Premier Inn Hotel - Dubai, United Arab Emirates