Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

RESEARCH CENTER

 

We excel in customised research services covering competitive, market, and organisational research. Let our strong competency in research methodology help you gain insight and make the right decision.

INNOVATIONS LAB

 

In I-Lab, we work on innovation development and commercialisation. We help you challenge the status quo: How to generate great ideas? How to validate and progress them? How to get them in front of the right people?

BizTech Academy

 

Are you a manager, professional, student, wanting to increase your skills in business, entrepreneurship, innovation? Then, our BizTech Academy is the right solution for you.

Project Center

 

With strong competency and experience, our Certified Project Managers excel in developing, leading, and managing projects.

Let us help you secure and navigate your new project idea.

Ако сте започнале од неодамна со свој бизнис – или ако размислувате за истото – сакам да ви кажам дека многу луѓе ви прават друштво. Mногумина го мислат истото. Причините за нивниот избор се најразлични...

Можеби веќе им е доста од работата за други, биле неодамна отпуштени, или пак немаат други избори кои им се отворени во овој момент. Сакаат да бидат газди на своето време или труд, имаат страст за некое хоби кое лесно можат да го претворат во заработка или едноставно не се наоѓаат на работните места кај кои доминира предвидливоста и монотоноста. Многу причини и многу приказни кои во денешно време се повеќе укажуваат дека претпримеништвото се наметнува како алтернативен избор на кариера.

Во светски рамки ако направиме споредба може да се каже дека претриемништвото се повеќе се претвора во еквивалент на американскиот сон за поседување на сопствена куќа од 1950-тите. Сепак ќе ви откријам една мала тајна која сите длабоко во нас ја знаеме – претпримеништвото не е за секого. Потребно е добро да се преиспитате дали можете да водите сопствена компанија или не.

Статистиката на преживување на новите компании во светски рамки се движи во рамките на 30% за првите пет години. Нашите статистики се малку посложени бидејќи е тешко да се направи разлика помеѓу активна и пасивна компанија. Приказните за успех преку ноќ и за млади милионери се ретки, капиталот за започнување на бизнис тешко се обезбедува, додека работливиот, одлучен визионер кои посветува долги часови на работа и вложува бескрајна енергија во неговиот или нејзиниот бизнис е реалната слика на денешнот претприемач.

Во исто време, претпримачите се соочуваат со низа на внатрешни и надворешни предизвици при водењето на својот бизнис. Треба да умеат да создадат супериорен производ или услуга со скоро никакви ресурси. Треба да умеат да управуваат со текот на парите и да осигураат профитабилност. Понатаму, треба да знаат како да го одберат и вработат потребниот кадар. Надворешните фактори пак како што се пристапот до финансии, регулативата и технологијата влијаат врз работата на претприемачите на дневна основа.

Многу мали бизниси пропаѓаат заради слабости во делот на финансиското работење, маркетингот, или поради мислата дека техничкото решение е доволно за да успее компанијата. Оттука за да вистински бидете во состојба да отворите и успешно водите компанија потребно е да бидете свесни за сите работи кои одат во полза и против водењето на сопствен бизнис.

Постојат неколку карактеристики кои ги издвојуваат претприемачите од другите:

  • Истрајност
  • Желба за превземање на иницијатива
  • Натпреварувачки дух
  • Самостојност
  • Силна потреба за постигнувања
  • Самодоверба
  • Добро физичка состојба

На крајот од списокот се издвојуваат и следниве изненадувачки карактеристики, силна желба за финансиска независност, трпеливост, организациски вештини, и потреба за моќ. Оттука, прашањето е дали го имате тоа што е потребно за да бидете претприемач:

  1. Дали сте спремни да работите напорно и многу да жртвувате за да го започнете и растете својот бизнис?
  2. Дали можете да ги понесете на грб сите одлуки кои се однесуваат за работењето на вашата компанија самостјно и независно од другите?
  3. Дали сте независни, дисциплинирани и знаете како да се посветите на работата?
  4. Дали сте спремни да превземете многу улоги во рамките на вашата компанија, менаџер, работник, сметководител, маркетинг специјалист и сл?

На крај, и покрај тоа што некој успешни претпримачи знаат да се пофалат дека имале и среќа во работата, тие кои најчесто се успешни се оние кои добро се подготвиле и можат да ги видат сите можности кои се отвараат на патот.

List of Events

Monday, 20th April 2015 - Wednesday, 22nd April 2015
Skopje - Skopje, Macedonia (FYROM)
Wednesday, 8th April 2015 
Stip, Macedonia (FYROM)
Wednesday, 18th March 2015
Hotel Izgrev Stip
Monday, 20th October 2014 - Thursday, 23rd October 2014
Premier Inn Hotel - Dubai, United Arab Emirates